Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава
Од 24 до 30 мај пријавени се 30 нови случаи на пертусис, народски кажано голема кашлица, во државава. Заклучно со 30 мај, во Република Северна Македонија регистрирани се вкупно 661 случај на голема кашлица, со инциденца од 36,0/100.000 жители, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.
Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од новите 30 случаи, се пријавени во рамки на епидемиите во Скопје - 21 и во Куманово - три, а пријавени се и четири случаи од Тетово и по еден од Прилеп и Кратово. Возраста на заболените се движи од еден месец до 77 години. Најголем број случаи се од возрасната група под една година.
- Дистрибуцијата по пол покажува дека 311 лица се од машки, а 350 од женски, односот на машки - женски е 1:1,1, пишува во извештајот на ИЈЗ.
Сè уште најголем број заболени лица се регистрирани на територија на Скопје - 79,9 отсто, а случаи се регистрирани и во 18 други градови низ државата.
- Од вкупниот број регистрирани случаи - 661, 400 односно 60,5 отсто не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста, или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување изнесува 12,6 години, појаснуваат од ИЈЗ.
Од 18 јануари до 30 мај, дадени се вкупно 49.934 дози вакцина со компонента против голема кашлица.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал