-->
-->
Хорови од Хрватска и Македонија гостуваа во Велес
-->

На големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Кoнстантинов-Џинот“ во Велес синоќа имаше концерт на хорска музика насловена „Мостови на пријателство“.
Настапија МПЗ „Ријека Семпре Алегро“ од Риека и ХГД „Звијезда Даница“ од Краљевица, двата под диригентство на Хелга Дукариќ-Дангубиќ, и ГМХ „Вардар“ од Скопје, под диригентство на Јасмина Ѓорѓеска, во пијано придружба на Андреј Наунов. Иако аматерски, трите хора ја одушевија многубројната велешка публика која ги награди со долг и силен аплауз.
Хелга Дукариќ-Дангубиќ изјави дека соработката со ГМХ „Вардар“ од Скопје започнала минатата година кога имале два заеднички концерта во Риека и во Краљевица, а по гостувањето во Велес, вечер ќе настапат и во Скопје. Таа сенадева дека соработката ќе продолжи.
- Го завршивме концертoт на трите хора со заеднички настап со песната „We Are The World“, со една порака сите на светот да бидеме обединети и пријатели и кон тоа да тежнееме. Музиката отсекогаш ги спојувала луѓето од сите нации и националности. Тука сите сме исти на светот и нам ништо не ни е важно освен музиката која не спојува да се дружиме и меѓу нас да постои пријателството, рече Дукариќ-Дангубиќ.
Двата хора од Хрватска се аматерски. Хорот„Звијезда Даница“ од Краљевица постои 122 години и е меѓу најстарите хорови во Хрватска. На концертот се претставија со хрватската народна песна. Хорот од Риека, пак, настапи со многу светски познати популарни песни и на крај со македонската песна „Елено ќерко“ во чест на нивните пријатели од Македонија.
Диригентката на хорот „Вардар“ Јасмина Ѓорѓеска искажа задоволство од заедничкиот концерт во Велес и соработката со двата пријателски хора од Хрватска.
- Задоволна сум од гостопримството на велешани и се надевам дека оваа соработка ќе премине во традиција. Нашиот хор изведе композиции од разни временски периоди и различни стилови, a освен македонската народна хорска обработка имaше и позната филмска музика, рече Ѓорѓеска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
-

Прилепските бизнисмени: Санација на Прилеп-Градско преку Плетвар и измени на боледувањата и дел од царинскиот тарифник
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
