Холанските пратеници гласаа за признавање на „ерменскиот геноцид“
- Холандскиот Парламент денеска со големо мнозинство усвои Резолуција со кој се признава „ермескиот геноцид“ во Османлиската Империја, постапка која се очекува да предизвика тензиите во односите меѓу Хаг и Анкара.
Долниот дом на Парламентот со 142 гласа „за“ и три „против“ го усвои документот во кој масовните убиства на Ерменците во Османлиската Империја за време на Првата светска војна се оквалификуваат како геноцид.
Освен тоа, Парламентот одлучи да испрати претставник на Холандија во Ереван на 24 април, кога ќе се одржи комеморација за жртвите масовните убиства на Ерменците во 1915 година.
Досега околку десетина други држави од ЕУ донесоа слични резолуции.
Турција негира дека убиствата на Ерменците биле геноцид.
Според историските податоци за време на Првата светска војна во Османлиската Империја биле убиени околу 1,5 милиони Ерменци. Многу научници сметаат дека тоа е првиот геноцид во дваесеттиот век.
Ново на Сител
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава