Спорт плус
5. September 2016 - 14:27

40.меморијален турнир „Бранко Хаџи Иљоски - Чајка“

Одбојкарскиот меморијален меѓународен турнир “Бранко Хаџииљоски Чајка” оваа година слави јубилеј од полни 40 години одржување со што влегува во редот на најстарите Македонски меѓународни спортски настани.  Оваа година со учество на Македонската репрезентација, но и ОК “Црвена Звезда” од Србија како и ОК “Малие Мили Пјанго” од Турција се очекуваат навистина интересни дуели.
Пресот одржан во просториите на Агенцијата за млади и спорт го отвори директорот Марјан Спасески.
- Со поддршката на Aгенцијата за млади и спорт и Oдбојкарската федерација на Македонија, и сето она што го прави синот на легендата Чајка, Ивица Хаџииљоски убеден сум дека годинава овој турнир ќе биде празник на одбојката во Тетово, за што ќе се потрудат и актерите учесници.
Традиционалниот 40-ти Меморијален турнир во одбојка “Бранко Хаџииљоски – Чајка” влегува во редост на спорстски настани кои достоинствено ќе го одбележат државниот празник “8-ми септември” во градот Тетово, град со голема одбојкарска традиција, град од кој потекнува Бранко Хаџииљоски – Чајка, основоположник на одбојкарскиот спорт во Тетово и пошироко. Еден светол лик во македонскиот спорт и во македонската одбојка, човек кој заслужил години наназад на ваков начин да се потсетуваме на неговото дело и лик и на неговиот придонес за развој на одбојката во нашата земја, истакна Спасески.
Тој се прудружи на поканата на Ивица Хаџи Иљоски, како и генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија Зоран Карановиќ сите вљубеници на одбојката и спортот воопшто да го посетат Тетово и да ги проследат натпреварите.
 
Распоред на натпреварите:
вторник (06.09): Македонија - Мили Пјанго (почеток 18 часот)
среда (07.09): Црвена Звезда - Мили Пјанго (почеток 18 часот)
четврток (08.09): Македонија - Црвена Звезда (почеток 18 часот)