Холандски војници ја тужат државата затоа што ги пратила во Сребреница
Стотина поранешни холандски војници од составот на мировните сили на ОН во Босна и Херцеговина, подготвуваат тужба против Владата на Холандија, затоа „што ги испратила да ја бранат Србреница во 1995 година“.
Нивниот адвокат Михаел Руперти изјави дека војниците биле испратени во Сребреница во, како што оцени холандската министерка за одбрана Џенин Хенис-Плаше, „невозможна мисија“.
- Државата овие војници ги испртаи во невозможна мисија и потоа ги напушти, изјави Руперти, додавајќи дека мисијата во Сребреница на неговите клиенти им „нанела голема физичка, психичка и финансиска штета и влијаела врз нивниот социјален живот“.
Во јуни годинава министерката Хенис-Плашерт изјави дека баталјонот бил испратен во Босна „без адекватна подготовка, без соодветни средства и со малку информации за тоа како да го заштитат мирот кој повеќе не постоел“.
- Тоа било нереална мисија во невозможни околности, изјави Хенис-Плашерт.
Според Руперти, поради случувањата во Сребрница од 1995 година, неговите клинети веќе 20 години „ги бие лош глас“ и многумина отворено ги прашуваат „зошто не презеле ништо“ за да го запрат масакрот.
- Нивната човечка и воена репутација претрпе голем штета, затоа што беа напуштени од сопствената Влада, нагласи Руперти, додавајќи дека пред поднесувањето на тужбата сака да се сретне со министерката Хенис-Плашерт.
Ново на Сител
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба