Холандски КЛМ ги прекинува летовите за Тел Авив поради пораст на тензиите со Иран

Холандската авиокомпанија КЛМ објави привремен прекин на летовите меѓу Амстердам и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, почнувајќи од 1 март, поради растечките тензии со Иран и можноста за воен конфликт.
„КЛМ континуирано ја приспособува својата глобална мрежа врз основа на пазарната побарувачка и оперативните околности. Во моментов не е комерцијално ниту оперативно изводливо КЛМ да извршува летови за Тел Авив“, се наведува во соопштението на авиокомпанијата кое го пренесува „Тајмс оф Израел“.
Компанијата нагласува дека ќе „продолжи да го следи развојот на настаните и повторно ќе ја процени одлуката во зависност од околностите“. Во соопштението се додава дека на патниците кои веќе купиле билети ќе им бидат понудени опции за повторна резервација за друг датум или поврат на парите.
САД и Иран преговараат за иранската нуклеарна програма, при што САД изрично бараат Иран да не смее да дојде до нуклеарна бомба. Американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати изјави дека, доколку не се постигне дипломатско решение, ќе употреби воена сила.
МИА
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
