Холандија ќе истражува начини за намалување на разликите на цените на намирниците во ЕУ
Холандија ќе покрене истражување чија цел ќе биде да се најде механизам за намалување на разликите во цените на основните намирници во ЕУ и да се обезбеди „фер“ европски пазар, најави холандската министерка за економија Мики Адријансенс.
– Секогаш ќе има одредени разлики во цените, но сакаме фер пазар. Во Европа имаме голем единствен пазар од кој сите сакаме придобивки, но тоа ќе мора да биде видливо во супермаркетите, ијзави Адријансенс во интервју за холандското радио БНР.
Таа нагласи дека ова прашање го покренала на вчерашното заседание на Советот за конкурентност на ЕУ во Брисел, при што добила поддршка од нејзините колеги од Белгија и Луксембург, Пјер-Ив Дермањ и Франц Фајо.
Според Адријансенс, набавните цени на намирниците за трговците на мало во Германија се пониски од оние во трите земји на Бенелукс, што ги става германските продавачи во конкурентска предност и ги намалува трошоците на потрошувачите.
Таа истакна дека не бара утврдување на фиксни продажни цени на ниво на ЕУ, но смета дека со правилата на Унијата за храната и за стандардите на производите може да се обезбеди „поправеден терен за игра“ за сите земји членки.
– Тие (правила) варираат од земја до земја, што исто така е една од причините зошто има разлики во цените на производите, додаде Адријансенс.
Индексите на трошоците на домаќинствата во трите земји на Бенелус – Белгија, Луксембург и Холандија се повисоки од просекот на ниво на ЕУ. Во 2022 година, тој во Белгија бил за 14,8 отсто повисок од просечниот европски индекс на трошоците на домаќинства, во Холандија за 16,7, а во Луксембург за дури 36,8 проценти.
Адријансенс очекува резултатите од истражувањето да бидат објавени пред крајот на оваа година.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки