-->
-->
Хоџа: Теламон треба да инвестира четири милиони евра и да вработи 300 лица
-->

Четири милиони евра треба да инвестира Друштвото за производство и трговија ТЕЛАМОН ЕВРОПА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и да овозможи вработување на 300 лица. Инвестицијата на компанијата треба да се реализира во Инџиково, општина Гази Баба.
- За оваа компанија Владата вчера на седница прифати информација за предлог - договор за доделување државна помош, и ја овласти Зорица Апостолска, министер без ресор задолжена за привлекување странски инвестиции, на 13-ти овој месец, да го потпише предложениот договор за доделување на помошта, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Мухамед Хоџа.
По ова, додаде Хоџа, ќе следува и реализација на оваа инвестиција, која се планира да биде во Инџиково-Општина Гази Баба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
