Хоџа: Проектот за филтер-станицата во Вруток е завршен во 2014 година и е предаден на ЈКП „Комуналец“

Проектот за филтер-станицата во рамки на изворот Вруток, кој се однесува на гостиварскиот водовод, е завршен во 2014 година и е предаден на стопанисување на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, изјави денеска министерот на прес-конференција посветена на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар.
Одговарајќи на новинарско прашање за проектот реализиран со поддршка на Швајцарската амбасада и за активностите преземени од Владата по последните случувања со водоводниот систем, министерот посочи дека проектот е реализиран пред повеќе од една деценија.
- Доколку зборуваме за проектот за филтер-станицата во рамките на изворот Вруток, односно за гостиварскиот водовод, проектот е почнат во 2011 година, а е завршен во 2014 година - рече министерот.
Тој информира дека по завршувањето на проектот бил изготвен записник за примопредавање и системот бил предаден на локалното комунално претпријатие.
- За истиот постои записник за примопредавање, по што објектот е предаден на стопанисување на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, кое функционира во рамките на Општина Гостивар - изјави министерот Хоџа.
МИА
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
