„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени
Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити, Саидо Берахино за три години успеа да постигне само два гола, но летово, за неполни два месеца постигна еден поинаков „хет трик“ - за само шест недели доби деца од три жени.
Неговата поранешна вереница Стефани Кристофору на 30 мај го роди синчето Коста, а пак, неговата љубовница Челси Ловлејс на 17 јули му роди ќерка - Анија Мери.
Кај двата случаја, 25-годишниот африкански фудбалер е впишан како татко... Но, сега се појави уште една жена која тврди дека Берахино е татко и на нејзиното дете кое е родено на 15 јуни. Жената, чие име не се открива, на суд бара Берахино по третпат да се најде како татко во матичната книга на родени.
Берахино, најплатениот играч на Стоук, со неделна заработка од 70.000 фунти, и Стефани, бизнисменка од Бирмингем, ја објавија својата свршувачка лани во јуни. Но, таа го напушти веднаш откако дозна за неговата афера со старлетата Челси.
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје