Хашкиот трибунал вели дека самоубиството на Праљак не можело да биде спречено

Хашкиот трибунал ги објави резултатите на својата истрага по самоубиството на генералот Слободан Праљак, и соопшти дека самоубиството не можело да биде спречено.
- Не беа откриени проусти во правната рамка и во начинот на кој се третирани притворениците. Никакви дополнителни безбедносни мерки немаше да гарантираат дека отровот ќе биде откриен, пишува во заклучоците на трибуналот.
Праљак, генерал на босанските Хрвати во време на балканските војни, се самоуби непосредно по изрекувањето на казна затвор. Тој се уби со калиум цијанид, отров за кој трибуналот во Хаг вели дека е многу тешко да биде идентификуван бидејќи може да се прошверцува во затворот и како прашок и растворен во вода, а многу мало количество е доволно за да предизвика смрт.
Судењето на Праљак и другите пет воени и политички водачи на босанските Хрвати беше последниот процес на Хашкиот трибунал.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
