Харков повторно гранатиран, ноќеска загинале три лица

Руските сили утрово извршиле напади врз Харков при што е уништена една станбена зграда во централниот дел на градот, соопшти денеска украинскиот гувернер на регионот Олех Синехубов.
Тој информира дека „се разјаснуваат информации за евентуални жртви“ и оти во моментов нема хоспитализирани луѓе. Синехубов претходно информира дека три лица загинаа во ракетен напад врз регионот Харков во текот на изминатиот ден, меѓу кои и една постара жена која почина синоќа во градот Харков.
Харков, вториот по големина град во Украина, е блиску до руската граница и постојано е цел на гранатирање од почетокот на руската инвазија. – Во текот на ноќта, непријателот повторно изврши ракетен напад врз Харков, напиша Синехубов на Телеграм. Тој изјави дека „во индустриската зона е оштетена двокатна зграда и уништена е приватна станбена зграда во која живеела 73-годишна жена, која загинала во нападот“.
Ново на Сител
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
-

Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин
-

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
-

Идната недела сончево и тивко, со надпросечни температури
