Харадинај: Косово е денес посилно од кога и да е

Косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај, на деветтата годишнина од пресудата на Меѓународниот суд за правда (МСП) дека независноста на Косово е легитимна и правична, порача дека државата денес е посилна од кога и да е, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај, кој во петокот поднесе оставка од премиерската функција поради повикот од Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, денеска потстети дека на 21 јули 2010 година, ден пред, како што ја нарече, историската одлука на МСП за независноста на Косово, тој беше повикан на вториот процес против него од Хашкиот трубинал за воени злосторства во поранешна Југославија.
– За коинциденција, еден ден пред одлуката на МСП, на 21 јули, јас бев повикан во Хаг на вториот судски процес. Денес, кога повотрно сум повикан во Хаг, на оваа деветта годишнина, Косово е посилно од кога и да е, како независна, суверена, демократска, единствена и неделива држава и е посветено на својот евроатлантски пат, порача Харадинај преку својот Фејсбук.
Меѓународниот суд за правда, чие седиште е исто така во Хаг, е главниот судски орган на Обединетите Нации. Основан е во 1945 година според одредбите на Повелбата на ОН.
Ново на Сител
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
-

Рубио: Во наредните часови очекувам Иран да презентира сериозен предлог
-

Делегација на Собранието учествува на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот
-

МОН: Демографските промени бараат оптимизација на училишната мрежа и мобилност на наставниот кадар за поквалитетно образование
-

Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
-

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава
