Харадинај: Договорите меѓу Косово и Албанија водат кон обединување на економиите на двете земји
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, отворајќи ја денешната заедничка седница на Владите на Косово и Алабанија во Пеќ, изрази уверување дека договорите што денеска ќе бидат потпишани ќе придонесат за обединување на економиите на двете земји, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Среќен сум за постигнувањата од оваа заедничка средба и убеден сум дека потпишувањето на деветте договори ќе води кон обединување на нашите економии и не само толку. Знам дека нашиот народ очекува многу од нас и ние ќе вложиме уште напори, затоа што само со работа ќе се стекнеме со почит од страна на другите, изјави Харадинај.
Според премиерот, Косово денес е партнер на Европската унија, ги спроведува приоритетите на европските реформи од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и очекува укинување на визите за Шенген-зоната.
– Како и секој друг народ, и косовскиот очекува одлуката на ЕУ за визна либерализација да биде позитивна, изјави Харадинај.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот