Хаос во парламентот на Венецуела во Денот на независноста
Демонстранти, кои се приврзаници на Владата во Каракас, насилно влегоа во Парламентот на Венецуела при што повредија неколкумина пратеници и новинари.
Според локални медиуми, најмалку четворица пратеници се потешко повредени.
Парламентот требаше денеска да има посебна седница по повод Денот на независноста.
Според локални медиуми, се слушнале и неколку експлозии но засега не е познато од што се предизвикани. Голем дел од напаѓачите носат качулки. Облечени се во црвено (боја на владејачката партија) и речиси сите носат дрвени палки.
Во Парламентот на Велецуела мнозинство има опозицијата.
Опозицијата во Венецуела планира да организира референдум кон крајот на месецов за контроверзниот план на претседателот Николас Мадуро да го промени Уставот преку новото Уставотворно собрание.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата