-->
-->
Хаос на македонските патишта, блокирани и непроодни повеќе патни правци, завеани возила
-->

Според последниот извештај на АМСМ прекин на сообраќајот има на неколку патни правци низ државава.
Денеска од 04:45 часот на Автопат Велес-Скопје од наплатна станица „Отовица“ до Кула воопшто не е во можност одвивање на сообраќајот каде има заглавено повеќе возила.
На регионален пат Тетово - Јажинце кај с.Јажинце поради обилни врнежи од снег сообраќајот е во прекин.
Денеска од 06:00 часот на магистралниот пат А-3 Штип -Кочани поточно од с.Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ поради чистење на снежни наноси сообраќајот е во прекин.
Патнитиот правец од Штипсака петља до Катланово целосно е затворен за сите видови на патнички и товарни возила.
ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ:Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража,Маврово,Пресека, Ѓавато ,Буково, К.Паланка – граничен премин Деве Баир, Струга – Ќафасан ,Катланово - Велес и обратно.
НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е отворен за сообраќај само за патнички возила по една коловозна лента.
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите по интервенција на екипите на Македонија Пат.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Во пресрет на студениот бран што ја зафати земјава и ќе трае неколку дена се препорачува до граѓаните да не патуваат и да не излегуваат од дома доколку немаат поголема потреба. Да носат топла облека, да конзумираат топли напитоци и доколку треба да работат на отворено тоа да го прават со паузи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
-

Десет возачи лишени од слобода за возење без дозвола, со забрана и под алкохол
-

Сообраќајот по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет
-

Реал сезонава заработи најмногу пенали во петте најсилни лиги во Европа
-

Калас: Моето чувство е дека земјите-членки не се подготвени да дадат конкретен датум за членство на Украина во ЕУ
-

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон
