Хан: Важно е новата влада да се формира на солидна и широка основа
Важно е новата влада да се формира на солидна и широка основа, изјави денеска еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на прес-конференцијата по Министерскиот состанок за Западен Балкан што се одржа во македонското МНР.
Тој потенцира дека во Скопје е дојден да ги ислуша лидерите на политичките партии и дека неговата порака е оти земјата има постигнато многу, но оти следен чекор е формирање влада. Нагласи дека сите треба да бидат свесни за својата одговорност и интересите на државата.
- Јас нема да давам никакви предлози. Крајната одлука треба да ја донесат политичарите во оваа земја и тоа е многу важно. Можеби резултатот од изборите го изненади некого, но сега треба да се формира влада, а демократските одлуки треба да ги почитуваат сите политиќки партии, изјави Хан.
Еврокомесарот Хан попладнево треба да се сретне со лидерите на политичките партии што се застапени во македонското Собрание.
Тој треба да има одвоени средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на Беса Билал Касами и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците.
На средбите се очекува да стане збор за актуелната политичка ситуација во земјата и за разговорите за формирање влада по предвремените парламентарни избори од 11 декември.
Активностите на еврокомесарот почнаа изутрината со средба со премиерот Емил Димитриев, по што во македонската Влада присуствуваше и на состанокот на министрите за енергетика од Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори