Хан: Србија презеде важни чекори, владеењето на правото главен предизвик

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан оцени денеска дека Србија презела важни чекори кон својата стратешка цел - членството во Европската унија, отворајќи четири важни поглавја и напомена дека владеењето на правото е главен предизвик за земјата.
- Сега треба да се движи одлучно, не само во различните поглавја, туку и во областите на владеењето на правото и во нормализацијата на односите со Косово, рече Хан во интервју за „Вечерње новости“.
Тој истакна дека треба да се искористи моменталната позитивна ситуација и изрази надеж дека членките на ЕУ ќе се согласат да се отворат нови поглавја уште оваа година.
Според него ЕК веќе подготвува терен за следните поглавја.
- Главни предизвици за Србија остануваат јакнењето на владеењето на правото, вклучувајќи ја борбата против организираниот криминал и корупцијата, рече Хан и додаде дека Србија ќе мора да усвои нови закони и да ја зајакне работата на институциите, а дека ЕК и членките на Унијата внимателно ќе ги следат напорите на земјата, претежно преку реализацијата на акционите планови за поглавјата 23 и 24.
На прашањето дали целосното признавање на Косово ќе биде цената за влез на Србија во ЕУ, Хан одговори дека напредокот на Србија во преговорите за пристапување мора да биде паралелен со напредокот на Србија во владеењето на правото и нормализацијата на односите со Косово.
- Нема ништо ново во врска со тоа: тоа е јасно истакнато во преговарачката рамка, која не споменува признавање на Косово, туку говори за постепена сеопфатна нормализација на односите меѓу двете земји, додаде Хан.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
