-->
-->
Хан се сретна со партиските лидери
-->
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан вечерва во Собранието на Република Македонија ги заврши средбите со лидерите на политичките партии кои освоија мандати во Парламентот на предвремените избори одржани на 11 декември минатата година.

Хан ја почна серијата средби со лидерот на Беса, Билал Касами, по што имаше одделни разговори и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците, со Мендух Тачи од ДПА, со лидерот на ДУИ Али Ахмети, со лидерот на СДСМ Зоран Заев и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
По средбите со Хан претставниците на Беса, Алијансата на Албанците, ДПА, ДУИ и на СДСМ во изјава за медиумите истакнаа дека со еврокомесарот разговарале за актуелната политичка ситуација во Македонија и за нивните ставови во врска со формирањето на новата Влада. За средбата Груевски - Хан, како што најави пратеникот Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ ќе информира преку партиско соопштение.
Еврокомесарот Јоханес Хан вечерва останува во Скопје и утре изутрина треба да има средба со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Се очекува пред заминувањето од Македонија, Хан да ја информира јавноста за своите видувања од средбите со македонските политички претставници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Во следните два дена се можни преговори со Иран
-

Папата Лав предупредува: Без морални вредности демократијата може да се претвори во тиранија на мнозинството
-

Правда ќе ги бара списите за Груевски
-

Венс: Папата да си ја гледа Црквата и да не се меша во американската политика
-

Муцунски телефонски разговараше со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на партијата TISZA во Унгарија
-

Љутков: Заштитен појас под УНЕСКО го кочи автопатското решение кон Ќафасан, во мај се очекува посета на делегација
-

Министерство за економија и труд: Минимален пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи
-

Научниците предупредуваат - Астероид што ѝ се заканува на Земјата има сила од 22 атомски бомби
