Хан: Партиите да се вратат на преговарачка маса
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан повика, сите партии да се вратат на преговарачка маса и на патот кон евроинтеграциите.
Ако не работат заедно и не останат фокусирани на фер избори, новата влада, како што порача Хан во обраќањето во институтот „Брукингс“ во Вашингтон, нема да биде меѓународно прифатена и признаена.
Прашан за ситуацијата во Македонија, еврокомесарот изрази разочарување од последните настани.
- Навистина сум разочаран од последните настани. Ние инвестиравме многу во договрот од јуни-јули минатата година за да се донесе земјата назад на евроатланскиот пат. Многу од роковите не беа испочитувани кога требаше, но конечно тоа беше направено. И затоа фактот дека сега изборите на 5 јуни се под тешка ситуација, искрено не знам како ќе изгледа по изборите. Мислам дека можам само да ги повикам сите партии, исто и цивилното општество, но особено политичките партии, да се вратат на преговарачка маса и да останат посветени на евроатланската перспектива на земјата, нагласи еврокомесарот, одговорајќи на прашање од Обединетата македонска дијаспора.
Според него, сите треба да разберат што е во прашање.
- Се надевам дека можеме да ја испратиме оваа порака. Членови на Европскиот парламент и јас ќе пробаме да направиме уште еден напор да ги донесеме заедно и да посредуваме. Не можам да ветам ништо, но се надевам дека постепено луѓето во регионот и во некои други делови ќе разберат дека демократијата значи да се постигне договор и компромис, а не да се има став на победник и губитник. Во спротивно, никогаш нема да бидете успешни. Луѓето во регионот заслужуваат подобра иднина, а тоа е единствено можно ако се има јасна европска перспектива.Ова вклучува европско или демократско сфаќање на владеењето на правото. Ова мислам веќе е одговор на опсежното помилување на луѓе од страна на претседателот на државата, потенцира Хан.
Во однос на соседската политика и преговорите за проширување, Хан повтори дека ЕУ сака да ги продлабочи односите со соседите, да промовира стабилност и да поддржува демократски и економски реформи. Проширувањето останува цврсто на агендата, но е условено со реформите.
- Ги научивме лекциите од претходните случаи на проширувања дека е неопходно да се има процес со земјите кандидати со цел да им овозможиме нив да бидат на ниво што е прифатливо за нашите државјани. Значи повеќе е до процесот, а помалку до преговорите што треба да се направат, посочи Јоханес Хан.
Ново на Сител
-
Гори борова шума во кривопаланечкото село Нерав
-
Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади
-
Муцунски учествуваше на првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
-
Приведени четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот | ВИДЕО
-
Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген
-
Апел за рационално користење на водата за пиење во град Скопје
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол