Хан: Парламентите на Балканот не функционираат како што сака ЕУ
Европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, во интервју за „Агенција Европа“ забележува дека парламентите во повеќето земји од Западен Балкан сѐ уште не функционираат по европски стандарди.
-На Балканот го има тој менталитет на црно или бело. Или сте победник, или сте губитник. Но, во демократијата, клучниот елемент е компромисот, а компромисот често има негативна конотација на Западниот Балкан, но всушност тоа значи дека секој треба нешто да му даде на другиот за да добие нешто плус, вели Хан во интервјуто.
Тој смета дека овој проблем не се однесува само на политичарите, и дека оние политичари кои не покажуваат способност за компромис се „на некој начин лош пример за луѓето“.
-Затоа толку инвестираме во зајакнување на парламентот, тоа е клучна област, како што можете да констатирате во повеќето земји, парламентот не функционира како што сакаме, вели комесарот.
Тој се оградува од квалификациите дека станува збор за „балкански стил“ и истакнува дека слични проблеми се јавуваат во источното соседство на ЕУ, но и во јужното како на пример во Тунис.
Комесарот за проширување сѐ уште не може да гарантира дека ќе се отворат преговори во јуни, но инсистира дека земјите кои имаат најмногу резерви кон процесот треба да бидат свесни дека станува збор за кредибилитетот на Европската Унија. Тој го потенцира и парадоксалниот однос на оние земји кои се најкритични кон странските влијанија во регионот, а се истовремено и најотпорните кон проширувањето.
-Ако има вакуум, друга земја ќе го пополни. Секогаш постои ризик, посебно во Босна и Херцеговина, да се појават радикални сили, верски фундаменталисти и други кои ги таргетираат младите, и тоа создава ризик за нас, предупредува Хан.
Кредибилитетот на ЕУ, вели тој, е клучен елемент. Не може да се бараат реформи и напори од земјите во регионот, а од европска страна да не се исполнат ветувања.
-Не само што ќе го изгубиме нашиот кредибилитет, туку и нашето политичко влијание, и најчесто оние кои го критикуваат влијанието на Русија, Кина, Турција на Балканот имаат резерви да го признаат напредокот на земјите од западниот Балкан кон ЕУ, нагласи Хан.
Тој потсетува и дека регионот претставува важен економски пазар за ЕУ.
Ново на Сител
-
Хамнеи: Исламската нација никогаш нема да им се предаде на САД
-
Добри пари за добар фудбал | Масар Омерагиќ | Неформално | Sitel Podcast 100
-
Стотици илјади луѓе се собраа на 30-годишнината од Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај забраната
-
Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
-
Зеленски: Главна тема на разговорот со Трамп беше испораката на американски ПВО системи Патриот
-
Приведен кавадарчанец осомничен за кражба
-
Стојкоски: Се подготвува нов закон за усгостителска дејност со одредби за контрола и кривична одговорност
-
УЈП: Технички проблеми со апликацијата „МојДДВ“, се работи на отстранување на проблемот