Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи денеска го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за „жртвите и штетите“ за време на протестите во Иран.
Хамнеи, во првата порака на Икс по 12 јануари, го обвини Трамп за „жртвите, штетите и клеветите изнесени против иранскиот народ“.
– Последните антирански немири беа поинакви бидејќи американскиот претседател лично се вмеша во нив, истакна Хамнеи.
Последните денови во Иран нема нови протести. Властите почнаа со процена на штети предизвикани за протестите, што почнаа на 28 декември минатата година. Според ирански податоци оштетени се 350 џамии, 126 молитвени сали, 80 домови на имами, 400 болници и стотици возила на итна помош.
За време на протестите беше блокиран пристапот до интернет. По прекин од 200 часа забележан е мал пораст на поврзаноста со интернет.
Според организациите за човекови права, за време на протестите загинаа 2.090 луѓе, од кои 2.885 демонстанти, додека иранската државна телевизија тврди дека загинати 300 луѓе.
Ново на Сител
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
