-->
-->
Хамилтон се интересира за состојбата на Шумахер
-->
Луис Хамилтон триумфираше викендов во Монца но и го сруши рекордот на легендарниот Шумахер со 69. пол-позиција. Германецот не е појавен во јавноста од падот при скијање во декември 2013, кога доби сериозни повреди на главата, а неговото семејство прави се што е можно да спречи било какви информации за него.
„Би сакал да зборувам со неговата сопруга и да видам како одат работите. Времето ќе покаже“, вели Хамилтон.
По квалификациите во Монца, семејството прати порака до Хамилтон преку поранешниот шеф на Мерцедес и Ферари, Рос Браун.
„Тие сакаа да му честитаат за израмнувањето на рекордот на Михаел. Како што Михаел секогаш велеше - рекордите се тука да се рушат“, изјави Браун.
Хамилтон го замени Шумахер во тимот на Мерцедес во 2013 година, откако легендарниот Германец замина во пензија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива