Хамилтон: Болидот на Ред Бул беше супериорен во однос на Мерцедес
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој вчеравечер го освои второто место на Големата награда на Мексико Сити, ги сподели своите емоции од трката.
Хамилтон загуби од главниот ривал во шампионатот, Макс Верстапен од Ред Бул, но успеа да ги одбие нападите од вториот пилот на Ред Бул, Серхио Перез и н акрајот заврши на второто место.
– Прво, му честитам на Макс. Нивниот болид беше супериорен викендов и во суштина ништо не можевме да направиме околу тоа. Ја дадов сета моја сила и знаење и на крајот добро се изборивме со Серхио. Барем успеавме да стигнеме до втората позиција. Трката покажа колку е брз нивниот болид кога Серхио ми се доближи и постоеја шанси да ме помине. Тој возеше прекрасно и продолжи да притиска. Сепак, навистина уживав во трката, изјави седумкратниот шампион во Формула 1.
По вчерашната трка, во Генералниот пласман Верстапен ја зголеми предноста во однос на Хамилтон. Холанѓанецот сега има 312,5 бода, додека Британецот собра 293,5.
До крајот на сезоната во Формула 1 шампионатот остануваат уште четири трки.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК
-
Перински: И да не бидам кандидат ќе вложам максимум да помогнам
-
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован се невестата и зетот за годинашната Галичка Свадба
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња