Хакерска група тврди дека пробила во сајтот на ФБИ и украла податоци за вработените

Хакерската група „ShinyHunters“ тврди дека го пробила системот на американското Федерално истражно биро (ФБИ) и украла податоци за голем број сегашни и поранешни вработени, вклучително имиња, домашни адреси, броеви на социјално осигурување и податоци за работните места.
Групата на својата страница на дарк-веб и во комуникација со медиумите навела дека нападот го извршила како одговор на соопштението на ФБИ од мај 2026 година, во кое агенцијата ги опишала методите на „ShinyHunters“ и ги советувала жртвите да не плаќаат откуп.
„ShinyHunters“ тврди дека украла податоци за „речиси сите агенти на ФБИ“ и лицата кои поднеле пријава за работа во агенцијата.
Како доказ понудила снимка од екранот на наводно хакираниот сајт за вработување на ФБИ и примерок од податоците.
Сајтот за вработување на ФБИ вчера бил недостапен.
Примерокот од податоците содржел, меѓу другото, имиња на агенти, домашни адреси, броеви на социјално осигурување, податоци за нивните задолженија и, во некои случаи, имиња на членови на семејството.
ФБИ засега без коментар за таквите тврдења.
„ShinyHunters“ е една од попознатите хакерски групи, а групата неодамна тврдеше дека украла милиони деловни записи на компанијата „Рокстарс Гејмс“ и дека била поврзана со нападот врз образовната алатка „Канвас“.
МИА
Ново на Сител
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-

Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег
-

Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
