-->
-->
Гвардиола: Нема да биде крај на светот ако Манчестер Сити не се пласира во Лигата на шампионите
-->

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази мислење дека клубот може да не се пласира во Лигата на шампионите следната сезона.
- Тензијата во големите клубови е секогаш присутна и треба да го дадете максимумот. Не е важно за кого играш. Сакаме да се пласираме во Лигата на шампионите, но ако тоа не се случи, нема да биде крај на светот. Ова ќе значи дека не бевме доволно добри и дека другите тимови го заслужуваат тоа. Се наоѓаме во позиција која не може да се нарече идеална, но и не е лоша. Се е во наши раце и ќе се бориме, изјави Гвардиола, цитиран од „Сити екстра“.
Манчестер Сити моментално се наоѓа на четвртото место во табелата во Премиер лигата со 47 бодови од 27 натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
-

Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
-

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
