-->
-->
Гвардиола го избра Силва за нов капитен
-->
Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва ќе ја носи капитенската лента во Манчестер сити во новата сезона, а негови заменици ќе бидат Рубен Дијаз и Ерлинг Халанд.
Одлуката ја донесе тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, прекинувајќи ја својата практика во кариерата за капитенот да одлучуваат самите играчи.
„Јас сум шефот и сега одлучив да го покажам тоа. За прв пат во мојата кариера лично го избрав капитенот. Зошто? Затоа што не ми се допадна тоа што го направивме минатата сезона“, рече Гвардиола.
Манчестер Сити ја заврши минатата сезона без трофеј, а дури во последното премиерлигашко коло обезбедија пласман во Лигата на шампиони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево