Грузиската опозиција не ги прифаќа изборните резултати, најави улични протести

Грузиската опозициска партија „Коалиција за промени“ откако синоќа Централната изборна комисија прогласи победа на владејачката партија „Грузиски сон“, соопшти дека не ги признава изборните резултати и најави дека од денеска ќе одржува улични протести.
И опозициската партија „Единство-Национално движење“ соопшти дека не ги признава резултатите, а еден од нејзините лидери, Горгиј Вашадзе, изјави дека опозицијата победила на изборите.
Централната изборна комисија синоќа соопшти дека владејачката грузиска партија „Грузиски сон“ на парламентарните избори освоила 53 отсто од гласовите, врз основа на преброените гласови, 70 отсто од избирачките места.
Владејачката партија „Грузиски сон“ се залага за подобри односи со Руската Федерација, додека четирите најголеми опозициски партии се проевропски ориентирани.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
