Грушко: Со протерувањето руски дипломати НАТО си пукаше в нога
По претерувањето на руските дипломати од Северноатлантскиот пакт, невозможно е да се свика состанок на Советот НАТО-Русија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко.
Според него, со таквата постапка Алијансата „сама себе си си пукала в нога“.
- Задавајќи им удар на службите надлежни за пружање точни инфромации за тоа што се случува во Алијансата, НАТО првенствено се казнува себе си, а не нас. На крајот на кариштата, ако не сакаат дијалог, дијалог нема ни да има. Сите знаат дека за танго се потребни двајца. Со тоа Алијансата си нанесува штета на сопствената безбедност, изјави Грушко.
Тој оцени дека постапките на НАТО се во спротивност со големиот број соопштенија на генералниот секретар и на другите официјални претставници на Алијансата, кои тврдат дека Пактот е заинтересиран за одржување на политичкиот дијалог со Москва и апелираат за свикување нов состанок на Советот НАТО-Русија.
- Во сегашните услови невозможно е да се свика таков состанок. заклучи Грушко.
Повеќе земји членки на НАТО и ЕУ решија да протераат руски дипломати во знак на солидарност со Велика Британија, која прва протера 23 диполоматски претставници на Русија, како реакција на труењето на рускиот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во англискиот град Солсбери, за што Лондон ја обвинува Москва. Русија од своја страна негира каква и да е нејзина поврзаност со труењето на Скрипал.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК
-
Перински: И да не бидам кандидат ќе вложам максимум да помогнам
-
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован се невестата и зетот за годинашната Галичка Свадба
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња