-->
-->
Група Мароканци фатени кај граничниот премин Какавија, на грчко-албанската граница
-->

На граничниот премин Какавија, на албанско-грчката граница откриена е група од дванаесет мигранти, марокански државјани.
Според албанската полиција, тие во Албанија влегле илегално преку див премин, а биле откриени во близина на селото Врисера додека патувале со комби возило.
Во изјавите пред полицијата тие кажале дека нивна цел била преку Албанија да стигнат до Црна Гора а потоа патот требало да го продолжат за некоја западноевропска земја.
По проверката на нивните документи илегалците биле однесени во центарот Карач во Тирана.
Фатената група миграни од Мороко, албанските медиуми ја сметаат за најава дека мигрантите сега се пренасочуваат од Грција кон Албанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден
-

Трамп: Израел не ме убеди да го нападнам Иран, тоа беше моја одлука
-

Министерство за здравство: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија
-

Уапсени две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
