Груевски: Триесет милиони евра инвестирани во реконструкција на училишта

За време на нашиот мандат ќе бидат реконструирани 400 училишта во земјава, изјави премиерот Никола Груевски, кој денеска го посети реконструираниот објект на подрачната единица на основното училиште „Дебрца“ во село Требеништа.
Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на охридскиот регион, тој појасни дека досега вкупно се реконструирани 350, во тек е реконструкција на седум, а тендерска постапка тече за уште 35 училишта. Овие училишта ќе бидат реконструирани до крајот на годината.
- Во проектот за реконструкција на училиштата во земјава досега се инвестирани над 30 милиони евра, што е сериозен износ и дел од нашите ветувања. Во нашата Програма на секои избори прецизно ветуваме точно кои училишта во кој период ќе бидат реконструирани и многу внимаваме тоа да се заврши согласно ветеното, рече Груевски.
Претседателот на Владата попладнево ќе присуствува и на пуштање во употреба на реконструиран водовод во село Ботун и на поставување камен-темелник за изградба на колекторски систем, на потегот помеѓу селата Мешеишта и Волино. Според најавата, Груевски ќе присуствува и на пуштање во употреба на новоизградениот кружен тек во Охрид, на улиците „Туристичка“ и „Бистрица“.
Ново на Сител
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
-

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер во источна Македонија
-

Облачно и ветровито
