Груевски: Отпишани 30 милиони евра долгови на граѓаните

Отписот за долгови заврши. Отпишани се долгови во вредност од 30 милиони евра, со што е исполнето уште едно предизборно ветување, изјави денеска во Охрид премиерот Никола Груевски.
Одговарајќи на новинарски прашања по увидот на градежните работи на автопатот Кичево – Охрид, Груевски нагласи дека државата преземала отплата на долговите во период кога завршуваше европската должничка криза.
- Тоа беше наше предизборно ветување во период во кој завршуваше европската должничка криза на која и претходеше светската глобална криза и тогаш решивме дека на најранливите категории на граѓани кои ги ставивме во различни категории треба да им се помогне. Во таа криза сите имавме проблеми. Меѓутоа најранливите категории на граѓани имаа најмногу проблеми и многу од нив ги зголемија личните доглови. И затоа во изборите излеговме со ветување и со проект дека ќе им овозможиме отпис на долговите по различни основи на различни категории граѓани, кои беа детално напишани и во нашата предизборна програма и потоа пресликани во законите. Тој процес можам да кажам дека веќе заврши и дека 30 милиони евра долгови на граѓаните на Македонија се отпишани, односно државата презема да ги отплати во договор со субјектите од кошто им ги отпишаа долговите, изјави Груевски.
Со отписот на долговите, подвлече премиерот, реализирано е уште едно ветување од страна на Владата.
Ново на Сител
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
-

Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
-

Јаневска за случајот со Василевски: МОН нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицински факултет
