Груевски на ФБ: ВМРО-ДПМНЕ да не прави отстапки на штета на државата, а кои би биле во моја корист

Поранешниот лидер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска на својот фејсбук профил упати предупредување до неговата партија дека не смее да биде уценета, бидејќи, како што пишува, ако ВМРО-ДПМНЕ е уценето, уценета е и Македонија.
Тој напиша дека ќе се бори колку што може против овој „политички прогон“ и по цена на неговото достоинство, слобода или живот. Груевски вели дека неговите деца кога ќе пораснат и кога ќе научат за неговата борба и идеали, правилно ќе разберат се.
- Сакам да испратам еден проглас до мојата партија, а во врска со политичкиот прогон против мене и политички мотивираната и диригираната пресуда против мене објавена деновиве. Доколку од Вас, било кој и на било кој начин, бара да направите и најмала остапка која би била на штета на државните и националните интереси, ставајќи го тоа во корелација со запирање или ублажување на политичкиот прогон против мене, како долгогодишен водач на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација - Демократска Партија за Македонско Национално Единство и како нејзин почесен претседател и актуелен пратеник, Ве молам без размислување, без ни малку колебање, одлучно да го отфрлите таквиот непристоен предлог, пишува Груевски.
Цитирајќи мисли од македонскиот револуционер Гоце Делчев, Ф.Ниче, како и извадоци од писмото на Тодор Александров до Александар Протогеров од 14 август 1924 година, Груевски порачува дека нема да го „скршат“, како и дека неговите сопартијци треба да бидат со кренати глави и дека ќе победат.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
