Груевски - Брглез: Приоритет останува членството во ЕУ и НАТО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски доцна синоќа се сретна со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Милан Брглез со кого разговараше за стратешките приоритети на Македонија и за актуелните случувања во Македонија и регионот.
На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, било посочено дека приоритет останува членството во Европската Унија и НАТО и оти на тој план е добредојдена поддршката од секоја држава членка на овие организации.
- Беше изразена благодарност за поддршката на Република Словенија која е добредојдена во остварување на македонските приоритети, при тоа стана збор и за сериозноста со трендот на опаѓање на економската активност, забавување и падот на инвестициите, како и предизвикот со мигрантите кој е реалност, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
-

Народниот правобранител нотира - ниту еден затвор нема 24-часовна здравствена служба
-

Постизборна Србија: Студентите бараат чистка во медиумите
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања
