Груби: Ова веќе станува трговија, ми се јавија од Германија да ми понудат 5 милиони вакцини
Вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби во вчерашнато интервју на ТВ21 изјави дека секојдневно му се јавуваат луѓе кои му нудат вакцини и дека вчера луѓе од Германија му понудиле дури 5 милиони вакцини.
– Секој ден ми се јавуваат луѓе за вакцини. Денес ми се јавија луѓе од Германија да ми понудат 5 милиони вакцини. Се јавуваат и од други земји. Сум имал контакти со доста луѓе. Ова станува трговија веќе, што не е добро. Јас не верувам во нарачки надвор од официјалните процедури. Ова е глобална пандемија. Затоа, да почекаме уште малку и вакцини ќе има, порача Груби.
Тој посочи дека денеска се слушнал со министерот за здравство Венко Филипче кој го информирал дека на почетокот на месец април ќе пристигнат вакцини.
– Денес се слушнав со министерот Венко Филипче и ми кажа дека почетокот на месец април ќе пристигнат 800.000 вакцини од Ковакс системот, и 200.000 од Кина наредните денови. Со компанијата Фајзер сме во постојана комуникација, а во процедура сме и со Спутник. Има директни контакти, нагласи Груби.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
