Гроб со протома од коњ кој датира од железното време - стар најмалку 26 векови откриен кај локалитетот Исар - Марвинци
Локалитетот Исар – Марвинци, Валандово, и оваа година продолжи да носи значајни археолошки откритија и да го збогатува македонското културно наследство.
Во рамки на истражувањата на римската некропола, беше откриена група гробови од II век, датирани преку монети со претстава на Македонскиот Коинон. Во сите нив, покојниците биле кремирани, согласно тогашните верувања и погребни обичаи, а во еден од гробовите беше пронајдена и сочувана дрвена подлога на која бил положен покојникот.

Особено откритие претставува гробот со протома од коњ, положен на страна, кој датира од железното време – стар најмалку 26 векови. Овој наод претставува редок и значаен доказ за погребните обичаи и симболичкиот свет на заедниците во долината на Вардар пред доаѓањето на Римјаните.
Истражувањето го раководеше м-р Јане Клековски, а стручното јадро на тимот го сочинуваа м-р Сања Битрак, Васил Николовски (НУ Археолошки музеј), како и археолозите Андриана Петковска и Игор Ширтовски.

Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
