Грипот коси, досега починаа четири лица

Од грип во Албанија починаа четири лица.
- Регистрирани се четири жртви на грипот. Станува збор главно за хронични болни. Компликациите од него може да предизвикаат фатални последици по животот, при што најризична група се хроничните болни, односно лицата кои боледуваат од хронична пневмонија, кардиоваскуларни заболувања и дијабетес, вели пневмологот Арјан Мезини.
За тиранската телевизија Топ чанел тој потврди дека од 31 декември се забележува зголемен број лица заразени од грип и додаде дека се очекува овој број нагло да нарасне во следните две недели.
Официјалната статастика потврдува дека во Албанија има над 20 илјади грипозни,но нивниот број се верува дека е многу поголем, имајќи во предвид дека дел од заболените се лекуваат во домашни услови или со лекарства што ги добил некој член од нивното семејство.
Поради грипот, ниските температури и снегот уште од пред Нова Година се затворени училиштата и градинките во земјата.
Ново на Сител
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
