Грција следните денови ќе добие нова транша од помошта

Се очекува утре Европскиот механизам за стабилност (ЕМС) да ја одобри новата транша за Грција, во висина од 8,5 милијарди евра, пишуваат грчките весници.
Извршниот совет на ЕМС, што го сочинуваат министрите за финансии на членките на Еврозоната, вчера го одобри ажурираниот меморандум, што произлезе по завршувањето на вториот преглед на грчката спасителна програма и заедно со тоа ја повика грчката Влада да ги финализира барањата што беа потпишани од него, со цел доделување на новата транша за Грција од 8,5 милијарди евра.
Раководителот на ЕМС Клаус Реглинг, ја одложи за утре седницата на Управниот одбор на Фондот, што првично беше планирана за вчера. Одборот е надлежен за донесување на решение за доделување на траншата.
Одложувањето беше направено со цел Грција да ги реши останатите отворени прашања од процедурален карактер, пред да добие одобрение од ЕМС за трансфер на траншата.
Зелено светло за финансиите се очекува да даде и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
На 15 јуни министрите за финансии од еврозоната и одобрија на Грција транша од 8,5 милијарди долари.
Од нив, се очекува во текот на следните денови да бидат префрлени 7,7 милијарди долари, додека остатокот ќе биде доделен на есен годинава.
Речиси целата сума од 7,7 милијарди евра ќе биде потрошена за подмирување на кредитните долгови на Грција во јули, а исто така и за отплата на задоцнетите должнички обврски на земјата.
Ново на Сител
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
-

Две лица загинаа а три се тешко повредени во сообраќајка кај Агино Село
-

Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција
-

„Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
-

НАТО: Подготвени сме да одговориме на евентуална руска ескалација
-

Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица
-

Фицо: Некои на Запад сакаат војна меѓу Русија и НАТО
