Грција предупредува за можни нови инциденти во Идомени
Грчките медиуми, повикувајќи се на сопствени полициски и извори од Министерството за цивилна заштита, пишуваат дека ситуацијата во Идомени и натаму е „експлозивна и постои страв од повторување на инцидентите од неделата, кои се поттинати од странски невладини организации“.
- Во врска со настаните во неделата во Идомени, директори во Министерството за цивилна заштита и грчката полицијата, забележуваат дека, сепак, за избувнувањето на насилството во регионот се одговорни „чудни“ невладини организации кои се солидарни со бегалците и мигрантите, и се уште не можат да се пронајдат, пишуваат некои грчки информативни портали и додадаваат дека од неделата кружат информации дека бегалците повторно се повикани на состанок на кој ќе се дискутира како да ја преминат границата.
Како што јави допсиникот на МИА од Атина, осомничените, според полициски службеници, се главно странски државјани, Германци, Шпанци и Италијанци, кои со разни брошури, напишани на арапски, повторно се обидуваат да ги убедат мигранти масовно да се движат кон границата.
Грчки полциски извори изјавиле дека наводно, осомничените имаат европски пасоши, престојуваат главно во Гевгелија, но секојдневно одат во Идомени.
Порталот „Кулњуз“ јавува дека постојат стравувања од нови инциденти, затоа што вчера бегалците повторно биле повикани да се обидат да ја преминат границата со Македонија. Според информации на некои телевизии, „солидарните помагачи“ им ветиле на мигрантите дека ќе ги снабдат со молотови коктели, информира сајтот.
Грчката полиција овој пат ќе се обиде да го спречи таквото движење со цел да се избегне повторување на инцидентите и да не се ризикуваат човечки животи. Сепак, коментитраат грчките медиуми, ситуацијата не е лесна, затоа што во таков случај постои ризик од ескалација на грчката страна каде има околу 12.000 бегалци и мигранти.
Дека во поттикнување на инцидентите се вмешани стански невладини организации, покажува и реториката на грчката Влада, особно на највисоко ниво, чии функционери се повеќе ја доведуваат во прашање солидарноста на невладините организации и се осврнуваат на нивната „сомнителна“ улога во Идомени и Пиреја, пишувааат грчките медиуми.
Портпаролот на Координативното тело за справување со бегалската криза Кирицис, министерот за миграции Музалас, за цивилна заштита Тоскас и портпаролката на Владата Олга Геровасили укажаа на улогата на групите за солидарност и НВО, истакнувајќи дека ги убедуваат бегалците да не си заминуваат од Идомени и да продолжат со напорите да ја преминат границата, потсетуваат грчките медиуми.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден