Грција очекува одоборување на последниот дел од третата транша

Европската работна група и Европскиот стабилизациски механизам денеска се очекува да дадат зелено светло за префрлувањето на преостанатиот дел од третата транша од финансиската помош за Грција, во висина од 800 милиони евра.
Во јуни годинава, Грција доби одобрение за исплата на трета транша од финансиската помош во висина од 8,5 милијарди евра. Од тогаш на земјата и беа префрлени 7,7 милијарди евра за олеснување на грчкиот долг.
Преостанатите 800 милиони евра, што е планирано да бидат исплатени кон почетокот на ноември, исто така треба да бидат искористени за отплаќање на заостанати долгови.
Грција забележа напредок при подмирувањето на долговите кон крајот на септември и со тоа земјата ја исполни целта што беше поставена од страна на Европскиот стабилизационен механизам.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
