Грција ќе екстрадира тројца од пребеганите турски офицери
Суд во Грција денеска одобри екстрадиција на тројца од вкупно осумте турски воени лица, кои пребегнаа во земјата по неуспешниот обид за воен удар во Турција на 15 јули.
Вчера Судот го одби барањето на Турција за екстрадиција на други три лица од групата.
Осумтемина турски офицери - тројца мајори, тројца поручници и двајца наредници, со хеликотер на Военото воздухопловтсво на Турција пристигнаа во грчкиот град Александруполис, само неколку часа по пропаѓањето на обидот за воен преврат на 15 јули.
Тие беа веднаш уапсени, по што побараа азил во Грција, тврдејќи дека стравуваат за своите животи доколку се вратат во Турција. Тие исто така тврдат дека не учествувале во обидот за преврат.
Турција од своја страна ги обвинува дека се дел од заговорниците во воениот преврат и бара нивна екстрадија.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР