Грција ја повика Турција да го почитува меѓународното и европското право

Турција е должна во целост да го почитува меѓународното и европското право, во тие рамки и морското право и Лозанскиот договор, кој не може ниту да се ревидира, ниту да се актуелизира и кој „без никакви траги од сиви зони“ ги одредува границите, територијата и суверенитетот не само на Грција, туку и на Европската унија.
Тоа го изјави грчкиот престедател Прокопис Павлопулос за време на промоција на книга за Елефтериос Венизелос во воениот музеј во Атина.
Поводот за изјавата е инцидентот во Егејското море, каде турски патролен брод удри во брод на грчката пристанишна полиција во реонот на островот Имија/Кардак, за които Грција и Турција спорат со години.
Павлопулос увери дека Грција се стреми кон односи на пријателство и добрососедство со Турција.
- Ние, Грците, врз основа на нашето историско наследство, ги почитуваме пријателите, но не се плашиме од непријателите, рече грчкиот претседател.
Атина и Анкара вчера објавија различни ставови во врска со инцидентот. Министерството за надворешни работи на Турција тврди дека инцидентот го предизвикал грчкиот брод, додека Атина обвинува дека турскиот брод удрил во грчкиот.
За инцидентот телефонски разговарале и премиерите на двете земји.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Емил Георгиев, пилот на владиниот лирџет
-

Стојанче два пати ја тепал Ивана на денот на самоубиството, ОЈО Скопје објави детали
-

Техеран им се извини на соседите
-

Наместо сеопфатен интегриран систем за поддршка од семејно насилство, жртвите добиваат бирократија
-

Адвокатот на „ОМО Илинден“ Менкиновски, доби црн печат за влез во Бугарија
-

Ќе се градат две катни гаражи на Клинички, цените за паркирање ќе останат исти
-

Мицкоски уверува: Ќе интервенираме ако има драстичен скок на цената на нафтата
-

Почна изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ вреден 42 милиони евра
