Грчките медиуми за синоќешното гласање во Бундестагот
„Германија: Зелено светло од Парламентот за пристапни преговори на Северна Македонија и Албанија“; „Европски тепих за Северна Македонија и Албанија поставува германскиот Парламент“; „Германско „да“ за Скопје и Тирана“; „Албанија и Северна Македонија добија зелено светло од германскиот Парламент“; „Германците велат „да“ за почеток на интеграција во ЕУ на Северна Македонија и Албанија“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми во однос на синоќешното гласање во Будестагот за отпочнување пристапни преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија, jави дописничката на МИА од Атина.
Медиумите во Грција го пренесуваат опширниот текст на грчката новинска агенција АНА-МПА под наслов „Зелено светло од Бундестагот за почеток на пристапни преговори со Албанија и С.Македонија“.
-Зелено светло на германската влада да се согласи со почеток на пристапни преговори на Европската унија со Албанија и Северна Македонија, со широко мнозинство, даде доцна вечерта во четвртокот федералниот Парламент, гласајќи за заедничкиот предлог доставен од пратеничките групи на владината коалиција. И во двата случаја беше потенцирано дека не станува збор за интеграција на земјите, туку за почеток на долг процес, кој веројатно ќе доведе до интеграција, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА на почетокот на текстот.
Во продолжение детално се пренесени ставовите на германските партии за време на расправата, како и резултатот од гласањето.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор