Грчки медиуми: Рама се обидува да го врати сеништето за Голема Албанија
Грчките медиуми дадоа големо внимание на "бомбастичната" изјава на премиерот Еди Рама за потребата од заеднички претседател на Албанија и на Косово, оценувајќи го како „враќање на сеништето за Голема Албанија“.
„Сеништето на Голема Албанја повторно се буди, за да стане реалност“ или „Еди Рама сонува како Ердоган; Границите на срцето еден ден да станат реалност“, се некои од насловите во грчките медиуми за изјавата на Рама од пред два дена.
Медумите посебно ја посочуваат реакцијата на официјален Брисел, во врска со изјавата, која ја оценува како несоодветна, како политичко мешање во соседните земји, кое не помога во градењето добрососедски односи и е на штета на интеграцијата на двете земји.
Во исто време наведуваат дека изјавата на Рама, добила негатвни коментари во дел од албанската политичка сцена, за кои „идејата на Рама е обид повеќе да направи медиумско шоу“.
Инаку, Рама од свечената седница на косовскиот Парламент, по повод десетгодишнината од незавсноста на Косово, порача дека заеднички претседател за Албанија и Косово ќе биде најдобар пример за единство на двете земји и оти тоа би можело да се реализира по десет години.
Ново на Сител
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс