Грчки медиуми: Коѕиас се двоуми дали да го посети Скопје

Грчкото Министерство за надворешни работи се двоуми дали шефот на дипломатијата Никос Коѕиас треба да ја посети Македонија, по последните „провокации“ на македонски функционери со мапа на „Голема Македонија“, јави грчкиот поратал „Њуз 24/7“.
„Одлуката на министерот за надворешни работи да го посети Скопје кон крајот на август, како што вети на средбата со неговиот колега Никола Димитрив во Атина, се преразгледува. Причината е последниот напад врз Грција на настан во Торонто на кој присуствуваа владини функционери на Скопје“, пишува „Њуз 24/7“.
Официјална Атина на 16 август ја обвини македонската Влада дека го прекршила привремениот договор меѓу двете земји од 1995 година, откако генералниот конзул на Македонија Јовица Палешевски наводно „на официјален настан во Торонто говорел на позадина која содржела иредентистичките симболи и мапи“.
„Го осудуваме учеството на генералниот конзул на ПЈРМ во Торонто, Јовица Палешевски на иредентистички настан, учество кое претставува уште едно прекршување од страна на ПЈРМ на Привремената спогодба, со која се бара воздржување од секаква акција со која се поддржуваат територијални претензии“, соопшти грчкото МНР, додавајќи дека „на позадината на бината од која Палешески им се обратил на учесниците на настанот, биле прикажани иредентистички симболи и мапа на ПЈРМ која опфаќа и грчка територија“.
„Новата влада на ПЈРМ тврди дека се стреми кон нов почеток во односите со Грција. Сепак, и покрај промената на власта, се чини дека иредентизмот и понатаму е доминантна државна идеологија и секојдневна политичка практика во нашата соседна земја. Одрекување од иредентизмот, почитување на границите и практична примена на принципите за добрососедство се неопходни услови за реализација на евроатлантските аспирации на ПЈРМ“, стоеше во соопштението на грчкото МНР.
Според „Њуз 24/7“, македонското МНР побарало потврда за намерата на Коѕиас да ја посети нашата земја на 31 август, но до синоќа „не добиле дефинитивен одговор“.
Ново на Сител
-

ИЕА: Конфликтот на Блискиот Исток ја создава најголемата енергетска криза во светската историја
-

ВМРО-ДПМНЕ: Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС се виде на роденденот на партијата
-

Таткото на Ејми Вајнхаус загуби судски спор за аукција на предмети на неговата ќерка
-

Почина новинарката Гордана Дувњак
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, температура до 21 степен
-

Скопје домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци
-

Иран со сериозни забелешки на некои потези на САД, но не ја исклучува можноста од нова рунда преговори
-

Зеленски ги обвини американските претставници за непочитување на Украина
