Грчки медиуми: 29 нови случаи на Ковид-19 на Промахонас
На граничниот премин Промахонас (Кулата) регистрирани се 29 нови случаи на Ковид-19 кај туристи од Бугарија и Грција, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на свои извори.
Откако во изминатиот период се зголеми бројот на „увезени случаи“ на коронавирусот во Грција, на единствениот отворен граничен премин за туристи, претставниците на Националната организација за јавно здравје веќе ги тестираат сите туристи, јави дописничката на МИА од Атина.
Професорот епидемиолог и член на експертската комисија во Министерството за здравство на Грција,Гикас Мајоркинис, за грчката телевизија „Скај“, рече дека во овој момент, за земјата најголем проблем се туристите од Бугарија и Романија.
Објасни дека се разгледуваат повеќе сценарија, меѓу кои и затворање на граничниот премин Промахонас (Кулата) или од туристите да се побара да имаат направено тест пред влегувањето во Грција.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за денеска свика состанок со надлежните министри за да разговараат за текот на оперативниот план за контроли на влезните точки во Грција.
Ново на Сител
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат