Грантови за граѓански организации за образовна инклузија на децата Роми

Ромскиот ресурсен центар (РРЦ) од Скопје и Центарот за семејно и детско згрижување од Атина (КМОП) денеска ја претставија грант шемата за доделување мали грантови за локални граѓански организации што работат на инклузија на ромската заедница.
Директорката на КМОП-Скопје Марија Самарџиоска потенцира дека в понеделник ќе ги објават финалните документи и ќе биде отворен повикот за аплицирање.
- Повикот за аплицирање ќе биде отворен еден месец, до 13 декември. Имаат право да аплицираат локалните граѓански организации кои имаат некакво искуство во работата со инклузија на деца Роми во формално образование, рече Самарџиоска пред почетокот на презентацијата во ЕУ Инфо центарот. Додаде дека направиле покомплициран повик кој, како што рече, ги запазува европските стандарди.
Преку проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ на граѓанските организации ќе им бидат доделени околу 50.000 евра. Ќе бидат финансирани од 10 до 15 проекти или од 2.500 до пет илјади евра по проект. Проектот е финансиран од Делегацијата на ЕУ во Македонија.
Програмскиот менаџер во Ромскиот ресурсен центар Себихан Демировски изјави дека идејата на целиот проект е да се поддржат граѓански организации во Република Македонија кои работат на полето на инклузивно образование на Ромите.
Свесни сме, како што рече, дека проблемот доаѓа од нискиот степен на образование кај оваа заедница.
Според него, Декадата на Ромите и Стратегијата за инклузија на Роми во Република Македонија имаат конкретни мерки и активности кои се насочени за поддршка на ромската заедница во повеќе области, како образование, домување, вработување, дискриминација, унапредување на статусот на жената Ромка...
- Резултатите се огромни во делот на образование. Од почетокот на Декадата за инклузија на Ромите од 2005, ако тогаш имало 20-30 студенти сега можеме да зборуваме за 400 активни студенти кои студираат на некои од универзитетите во Македонија, рече Демировски.
Според Демировски, за да се обезбедеи системско решавњае на проблемот со Ромите неопходно е да се унапреди соработката меѓу граѓанскиот сектор, институциите и локалните власти.
Ново на Сител
-

Нова измама во Битола на возрасно лице од лажен лекар кој одзел 9.600 евра
-

Зеленски: Поправката на нафтоводот „Дружба“ не може брзо да се заврши
-

Хрватскиот министер за надворешни работи во посета на земјава
-

Известувачот Вајц ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП
-

Сончево и студено утро, снежна покривка од 88 сантиметри на Попова Шапка
-

Холандски КЛМ ги прекинува летовите за Тел Авив поради пораст на тензиите со Иран
-

Иран и САД влегуваат во клучна рунда преговори во Женева
-

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања
