-->
-->
Градот Скопје ќе субвенционира до 3.000 денари за купување велосипед
-->
Субвенцијата од Градот Скопје за купување велосипед годинава ќе изнесува максимални 3.000 денари. Ваква одлука денеска донеsе Советот на Градот. Во буџетот на Град Скопје за 2018 година за оваа намена има предвидено 10 милиони денари. Сумата е идентична со минатогодишната, но субвенцијата годинава е пониска со цел да се дадат субвенции на поголем број граѓани.
Целта на мерката е стимулирање на граѓаните за помасовно користење на велосипедот како превозно средство.
Минатата година Град Скопје првпат додели субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди. Согласно условите, минатата година беа субвенционирани средства во висина од 50 отсто од цената на велосипедот, но не над 4.000 денари по лице. Интересот за јавниот повик беше голем, сите средства беа искористени и беа доделени субвенции на повеќе од 2.600 граѓани.
Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Град Скопје кои треба да достават барање за надомест, доказ за жителство во Град Скопје, копија на важечка лична карта на барателот, копија од трансакциска сметка на барателот и доказ дека е извршено купување на нов велосипед и тоа со копија од фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум од денот на објавување на повикот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
-

Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
