Грабар Китаровиќ загрижена поради ситуацијата во БиХ
Претседателот на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ изјави по средбата со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер дека разговарале специјално за ситуацијата во Босна и Херцеговина и таа изразила загриженост поради последните случувања и тенденции во таа држава.
- Го замолив Јункер и воопшто ЕК да и посветат внимание на БиХ за да и помогнат на таа држава не само во процесот на реформите на патот кон членство во ЕУ, но и во уредувањето на таа држава, со што навистина трите народи ќе бидат рамноправни на целата територија на БиХ, рече Грабар Китаровиќ.
Во врска со неодамна спроведениот референдум во Република Српска таа истакна дека ставот на ЕК е дека тој референдум е нелегален и е спротивен на Дејтонскиот мировен договор.
Грабар Китаровиќ изјави дека со Јункер разговарала за потребата од промена на Дејтонскиот мировен договор.
Ново на Сител
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“