-->
-->
Гостивар се засили со репрезентативецот Магдевски
-->

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски е новото засилување за КК Гостивар.
Денеска и официјално Магдевски потпиша договор до крајот на тековното првенство, во кое гостиварскиот клуб има големи амбиции, особено по одличните резултати во есенскиот дел од шампионатот.
„Со доаѓањето во Гостивар очекувам личен напредок во кариерата и со тимот да бидеме конкурентни во првенството, се надевам на успех”, изјави Магдевски.
Репрезентативниот плејмејкер, беше меѓу најдобрите кошаркари во досегашниот дел од првенството, во редовите на сега веќе поранешниот клуб Фени Индустри, со одличен просек од 17,4 поени, 5,1 скок и 5,7 асистенции по натпревар.
Гостивар по првиот дел од шампионатот е на четвртото место на табелата со 7 седум победи и 4 порази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

СДСМ: Власта ја пушти Михаилова да замине во Бугарија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја среди медицинската документација на Михаилова?
-

Бегството на Михаилова не е поради здравствени причини
-

Утврдени цени, но без откуп, дел од лозарите ги копачат лозјата
-

Преглед на вестите од светот
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
